T O P

  • By -

Azure47

Makes sense, даноците ни се меѓу најниските во Европа. Ама "*прогресивен данок е лоша идеја и ќе си заминат бизнисмените доколку се воведе*". LoL **Edit**: Ако браните рамен данок, потсетете ме колку се добро финансирани јавното здравство и јавното образование (inb4 *не се компетентни учителите и докторите*) и чии се електроснабдувачите и ~~(наскоро) поштата~~. Also, ако ставот ви е *"ама ние имаме само 2 милиони жители, па бројот е оправдан"* ... во ист опсег сме со Словенија која е далеку побогата, ама таму [имаат](https://taxsummaries.pwc.com/slovenia/individual/taxes-on-personal-income) прогресивен данок кој го инвестираат во врвни јавни болници и училишта (посебно во Крањ) **Edit 2**: Изгледа менаџерите од ДУИ ја уништија поштата, па тој дел не ми е валиден аргумент. Единствена дупка во реформава е што има прееееееемногу корупција, ама сепак мислам дека вреди да се воведе.


iskrivenigelenderi

Дали се работи за странци кои ги "чуваат" парите овде поради ниските даноци, или навистина има толку многу богати македонци? Сепак милион долари кај нас имаат поголема куповна моќ од било каде во европа.


Azure47

Source на OP (Credit Suisse) брои индивидуални adult милионери, па изгледа имаме доста богаташи. Од 2019 година 22.514 милионери имало. Приближно 1% од популацијата. Без промени, во 2024 проектирано е ~29.077


zippydazoop

Рачунаат милиони во денари или во евра? Додаток: во Американски долари. WTF имаме 22 514 македонски граѓани кои имаат повеќе од 1 милион долари???


GGorgi00

Не, имаме 22к граѓани кои имаат вредност над 1 милион долари. Не значи дека во банка ги чуваат тие пари, туку дека имотот што го имаат им е проценет над 1 милион.


zippydazoop

Да тоа го сфаќам...ама 22 илјади граѓани?


biglbiglbigl

Денеска баш се размислував на таа тема. Колку уствари многу и големи фирми имаат големи обрти на пари, вредност на нивните компании, но сепак мал реален профит. Затоа таа бројка ни изгледа голема. Во Тетово пример, скоро околу центарот на градот, не елитен ресторан, средна класа, беше продаден за преку милион евра. Знаем дека е тоа сеа класично перење на пари ама вредноста на ресторанот во официјални книги е преку милион евра, и автоматски двајцата се милопнери, едниот ги има во банка а другиот во недвижнини.


CIownWorld

Kuka plus biznis lokal ete ti milion evra samo imot. Edna kuka nadvor od grad ti e 200k evra, bar vo moja naselba tolku se prodavaat. Plus racunaj biznis lokal ete ti 400k evra za edna lokacija. Nisto cudno ne e sto nad 1% od populacijata se milioneri. Ako sakas da se zacudis odi prasaj ovie restorani sto drzat za kolku pari bi prodale lokacijata :). Spoiler alert, toa se negde 600k do 1m evra. A mene interesno mi e sto familata zaevi se milijarderi e toa e malce wtf situacija


Tigarceee

Не е некој фактор стапката на данок. Ова резултат на речиси 30 години транзиција, организиран градежен и финансиски криминал, ултра висока корупција, искривени вредности и прост народ.


Alcohol102

Прогресивен данок е океј , ако живееш во развиена држава , македонија е мизерна од секој поглед на економија , прогресивен данок би бил самоубиство , испробано видено.


berberu

Рамен данок е исто како Сумо борач и мало дете да влезат во ресторан -Јади колку можеш- и да платат иста цена (или автобус и велосипед да плаќаат иста патарина по возач). Само глупав народ може тоа да го прифати.


CleanHorror8055

Милионери што се изнакрадоа од народот и никој не е во затвор,од овие причини сакам да си заминам од државава што да правам си ја сакам Македонија ама нема пари


berberu

Македонија со катастрофалната приватизација премина од Социјализам во Крадизам/Корупција. Политичкиот популизам го доведе народот до апатија. Во Македонија има добри поединци но нема систем за здрава држава, што значи тие поедицни се безвредни за до го придвижат нашиот систем напред. Тие милионери се исто безвредни зошто го гушат системот за лични цели. Милионерите се филозофски најнеинтелигентни зошто со сите тие итро (корумпирано) создадени ресурси/моќ не можат да го сватат значењето на систем. Ќе пропаѓаат заедно со системот и нема ништо вредно за системот да остават зад себе. Нема никој да каже- Е тој/таа беше голем (НЕ)човек. Ќе живеат во мизерна средина и разумните луѓе ќе ги сметаат за крадци на општестото. Од глаа си патиме.


toni12332121

Затоа што е прва во суеверие во светот и луѓето мислат дека така им е ксметот така да живеат, едноставно во македонија помал е процентот на луѓе кои што веруваат дека не им е судбина да бидат богати (зборови од милионер во македонија)


berberu

= За рамен (со дупки) данок = Рамен данок е исто како Сумо борач и мало дете да влезат во ресторан -Јади колку можеш- и да платат иста цена (или автобус и велосипед да плаќаат иста патарина по возач). Само глупав народ може тоа да го прифати.


Alien_reg

Много сте богати, дайте някой денар :)


[deleted]

[удалено]


iskrivenigelenderi

Jasno mi e toa ama sepak million dolari se 10 stana vo Skopje, a i poentata mi beshe sto nie kako najsiromashna zemja imame najmnogu milioneri po glava na zitel na balkanot


CleanHorror8055

Милионери што се изнакрадоа од народот и никој не е во затвор,од овие причини сакам да си заминам од државава што да правам си ја сакам Македонија ама нема пари


unitempt

А што мислиш, надвор не е така?